Прекршочни пријави од СРД за неизбалансирано известување за изборите

Од:

Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница донесе одлука да поднесе прекршочни пријави до надлежниот суд против неколку телевизии и радија и против нивните главни и одговорни уредници за неизбалансирано известување во текот на изборната кампања на локалните избори.

Прекршочна пријава ќе биде поднесена против ТВ Спектра – Лабуништа, ТВ Далга Крт – Куманово, БТР Национал – Скопје, Радио Про ФМ – Гостивар, Радио Канал 77 – Штип, ТВ Шутел – Скопје, ТВ Сител 3 – Скопје, ТВ МТМ – Скопје, како и против нивните главни и одговорни уредници.

Укажување за надминување на забележаните недоследности во вториот круг од изборите добија ТВ Шутел – Скопје, ТВ Коха – Тетово, ТВ Еми – Радовиш, ТВ Нова – Гевгелија, ТВ Амазон – Скопје, ТВ Телма – Скопје, Радио Зона – Скопје, Радио Ват – Скопје, ТВ ЕРА – Скопје, Македонско радио – програма на турски јазик, Македонско радио – Радио Скопје, МТВ 2 – програма на турски јазик и МТВ 1.

Прекршочната постапка, како што беше истакнато, најчесто се поркренува за надминување на дозволеното време за платена политичка програма, а укажувањето е за немање означено наралчател на спот за платена политичка програма или за објавување јавна анкета пет дена пред гласањето.

Советот денеска го усвои и Извештајот за начинот на известување во вестите за периодот на изборната кампања. Членот на Советот, Столе Наумов пред гласњето за извештајот посочи дека забележаните бројки во него се точни, но нагласи дека смета оти  за да биде целосно вистинит во него треба да се внесат и елементи на тонот на известувањето на медиумите, односно дали е позитивен, негативен или професионален.

За најголем дел од медиумите беше речено дека не успеале да направат разлика  меѓу редовните активности на власта и партиските. Балансирано известување за кампањата, како што беше нагласено, имале ТВ 24 вести, ТВ Алфа и Канал 77, а неизбалнсирани биле МТВ 1 и ТВ Сител.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски