Прекршочна за три угостителски објекти во Охрид поради бучава

Од:

Три угостителски објекти во Охрид ќе добијат прекршочни пријави поради прекумерна бучава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Акциските контроли и мерења реализирани во содејство со Инспекторатот за животна средина и комуналната инспекција кај овие угостителски објекти покажале надминување на дозволена бучава и нарушување на јавниот ред и мир со користење музички инструменти и други технички уреди.

Контролите, вкупно седум, се реализирани на иницијатива на СВР Охрид, но и по пријави на граѓани.

– Согласно Законот за прекршоци, оној што го нарушува мирот на други со пеење, користење музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди, како и со механички извори на врева (мотор и слично) од 15 до 18 часот и по 23 часот до 06 часот наутро, полицијата ќе го спречи и ќе му се изрече 200 до 500 евра глоба во денарска противвредност. За прекршокот, на правно лице ќе му се изрече глоба од 500 до 1.000 евра, а на одговорното лице во правното лице 200 до 500 евра. Глоба во износ од  500 до  800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговец поединец кој врши угостителска дејност ако не преземе мерки да не дојде до извршување на прекршокот во неговиот угостителски објект, информира МВР.

Соодветни пријави против правните и одговорните лица се поднесени и од надлежните инспекциски служби од локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство