Казна од 500 евра за „Бруклински“ поради бучава

Од:

Општина Центар, информира дека во континуитет ја продолжува грижата за квалитетен живот на центарци.

„По пријава на граѓани, на ден 15.8.2020, Секторот за инспекциски работи изврши мерење на бучава во локалот „Бруклински“, при што беше констатирано надминување на граничните вредности за бучава.

На 21.8.2020 година, Општина Центар, согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, на правното лице Бруклински ДООЕЛ му изрече прекршочна глоба, во висина од 500 евра во денарска противредност“, соопштува Центар.

Оттаму апелираат до сите угостители, локали и нивниот менаџмент, да се придржуваат до важечките правилници и законски одредби, да ги почитуваат истите и да не ги надминуваат дозволените нивоа на гласност и бучава.

– Укажуваме дека ќе продолжиме со санкционирање на сите локали кои нема да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животна средина. И се во интерес на жителите, велат од Општината.

Би можело да ве интересира

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Ќе се проценуваат ризиците од свлечишта и нестабилност пред планот за Барутана да оди на гласање, ветува Герасимовски

Катерина Ѓуровски

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски