Прекинато гласањето во Долнени

Од:

Прекинато е гласањето во период од 20 минути на гласачкото место 1490 во Долнени – информираат од граѓанската асоцијација МОСТ.

Прекинот настанал откако болно и изнемоштено лице дошло да гласа со придружба, по што реагирал партиски набљудувач и не дозволувал лицето да гласа на тој начин. Иако, избирачкиот одбор рекол дека сè е во ред набљудувачот продолжил да се расправа со нив по што била повикана полиција. По прекинот од 20 минути гласањето продолжило.

Исто така, во општина Центар забележан е расфрлан пропаганден материјал со дезинформации за денот на одржувањето на изборите.

Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он