Прекината седницата на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ, не се појави никој од Агенцијата

Од:

На денешната седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање присуствуваа пратениците и од опозицијата и од власта со цел да се продолжи работата, но од страна на АНБ немаше ниту еден претставник кој ќе продолжеше да реферира за тоа како лицето Олександр Онишченко добило македонско државјанство и позитивни мислења, изјави претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, откако ја прекина седницата поради немање услови за работа.

Пренџов посочи дека денеска не направиле надзор зашто претставници од АНБ не присуствувале на заседанието, но најави дека за кратко време повторно ќе ја свика оваа седница на чиј дневен ред единствена точка е случајот Онишченко.

– Ќе разговараме, ова тука нема да заврши, седницата не е затворена, точката не е заклучена, во следниот краток период повторно ќе свикаме седница со цел мистеријата Онишченко конечно да добие епилог, рече Пренџов, посочувајќи дека ќе побараат одговори и од новиот директор на АНБ.

Комисијата за надзор над работата на АНБ денеска ја продолжи затворената седница на која требаше да продолжи реферирањето на досегашниот директор на АНБ, Виктор Димовски за случајот државјанство на Онишченко.

Во меѓувреме Владата му го одзеде македонското државјанство на Онишченко, а на местот на Диовски кој ќе биде амбасадор во Париз, вчера го именуваше Зарко Милошевски.

Би можело да ве интересира

Лажен агент на АНБ со закани од бизнисмен зел пари, автомобили, мобилни телефони и накит

Ковачки: Зарко Милошевски го заташкува случајот со Онишченко

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Зарко Милошевски не е нов лик во АНБ, туку продолжена рака на екс директор Димовски и Зечевиќ

Зарко Милошевски e нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Горан Наумовски

Директорот на АНБ ќе биде сменет за 24 дена, но не поради скандалот со Онишченко, туку ќе биде амбасадор

Кристијан Ландов

Без консултација со партнерите од НАТО дадена е согласност за државјанството на Онишченко, АНБ ја лоцираше одговрноста кај поединец

Катерина Ѓуровски