Прекинат погребот на девојката која почина во модуларната болница кога избувна пожарот

Од:

Прекинат бил погребот на девојчето од 20-тина години, на кое во моментот на избувнувањето на пожарот му била вршена реанимација. Станува збор за девојка со церебрална парализа, која во модуларната тетовска болница била во придружба на своите родители.

dobivaj vesti na viber

Од обвинителството соопштија дека „извршена е обдукција и на почината пациентка, која настрадала од Ковид-19 и за чиј живот се борел медицинскиот персонал непосредно пред избувнувањето на пожарот“.

„Телото на веќе починатата пациентка било изнесено во моментот на избувнување на пожарот. Обдукцијата по барање на обвинителството беше извршена за точно утврдување на причините за смртта, при што се констатира дека настанатата смрт не е последица од пожарот“, изјавија од обвинителството.

Како што дознаваме, претходно на родителите им било дозволено да го земат телото на својата ќерка и им било кажано дека можат да ја погребаат, со оглед на тоа што починала пред настанувањето на пожарот.

Погребот бил организиран, а телото било однесено во црква. Во меѓувреме, обвинителството решило да ја додаде во предметот и побарало нејзина обдукција, па така на сред погреб, нејзиното тело било одземено и однесено во Институтот за судска медицина, каде што било утврдено дека пожарот не бил причина за нејзината смрт.

Во тетовскиот пожар настрадаа 14 луѓе, осум жени и шест мажи. Двајца од настраданите не биле пациенти, односно станува збор за ќерка на пациентка и за сопруга на пациент.

Би можело да ве интересира

Ексдиректорот на тетовската болница еден од обвинетите за пожарот: Апсолутно не гледам вина кај мене

Кристијан Ландов

Германците дадоа мислење како настанал пожарот во тетовската болница, извештајот се преведува

Кристијан Ландов

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021

Нема одговор чија е вината за пожарот во тетовската модуларна болница, се сослушуваат сведоци додека да стигне германското вештачење

Кристијан Ландов

Семејствата на загинатите во пожарот во Тетово добија еднократна парична помош од Црвениот крст

Обвинителство се уште прибира докази за утврдување кривична одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово

А1он