Прегазено девојче на пешачки премин во Скопје

Од:

Девојче е прегазено во центарот на Скопје. Според првичните информации таа има фрактура на ногата и со возило на Итната помош е префрлена во Ургентниот центар, објави Центарњус.

Незгодата се случила околу 12.45 часот на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, на пешачкиот премин веднаш до Клубот на пратеници. Според изјавите на сведоците, девојчето кое најверојатно е средношколец од средното уметничко училиште, било со неколку другари и во моментот кога ја минувал улицата на нив налетал “Форд фокус“ со скопски таблички. Тој не возел многу брзо но сепак не запрел и удрил во неа. Таа паднала крај улицата а на помош и притекнале случајни минувачи и работници од градилиштето кое се наоѓа во непосредна близина.

Набрзо на местото пристигна и возило на Итната помош а лекарскиот тим ја стабилизираше состојбата на повредената. Од она што можеше да се види е дека таа има фрактура на ногата но дополнителните испитувања во Ургентниот центар треба да утврдат дали тоа е единствената повреда. Полициски екипи го регулираа сообраќајот на крстосницата, а повеќе детали околу незгодата се најавени за попладнево.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски