Возач прегази 87-годишна старица во центарот на Крива Паланка, која починала на место како последица од судирот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, возилото марка „Сеат кордоба“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Б.В. роден 1964 година, кај местото познато како „Осички пат“ удрило во осумдесет и седумгодишно лице од женски пол, со иницијали С.В. родено 1930 година.
Увид извршила екипа на Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка.