На булеварот Илинден во Скопје се случи сообраќајна несреќа , пред Зоолошката градина, во која автомобил удрил во велосипедистка.
Во несреќата е повредено девојче кое го возело велосипедот, а според првичните информации девојчето веднаш било пренесено во Ургентниот центар.
Според информациите кои 24 Вести ги доби од Ургентниот центар, девојчето е надвор од животна опасност, има потрес на мозокот и е префрлено на Одделот за неврохирургија.
Пред две недели на истиот булевар, на оддалеченост од половина километар се случи уште една сообраќајка во која загина 13-годишен велосипедист.
Во последните месеци во Скопје се случија повеќе сообраќајки во кои настрадаа велосипедисти.