Мигрант загина на пругата кај Демир Капија откако го прегазил воз.
Како што информира МВР, синоќа во 22,50 часот било пријавено дека товарен воз кој се движел во правец Гевгелија-Скопје, пред Демир Капија удрил во А.Н., мигрант од Пакистан, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.