Предвремени парламентарни заедно со локалните избори е решението за кризата со легитимитетот му рекол Ахмети на Рокас

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на партијата во Тетово се сретна со евроамбасадорот Михалис Рокас.

Ахмети и Рокас, како што информира ДУИ, разговараа за сите политички прашања во нашата земја, за неопходните реформи за европска интеграција, за легитимитетот и Охридскиот договор и за изборите во Северна Македонија.

Ахмети, како што се наведува, го информира амбасадорот Рокас дека ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација.

– За нас евроинтеграциите се без алтернативи и ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите и спроведување на реформите без никакво одлагање и со политички консензус, изјавил Ахмети.

Во однос на Охридскиот договор, Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се, како што се наведува, многу оптоварени со непромислените чекори на владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност итн.

– Северна Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договор. Политичкиот дијалог во државата мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници бидејќи тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија, се вели во соопштението.

Ахмети, како што се наведува, повтори дека решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ

А1он

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници, а Вреди 122

Меџити: Време е Ахмети да се повлече

Горан Наумовски

Средба на Ахмети со албанскиот преседател Бегај

ВРЕДИ: “Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби

Катерина Ѓуровски

За да оди на протест на поранешната ОВК во Тирана, Ахмети ги откажа настаните на последниот ден од кампањата