Председавачот на ВК на НАТО во посета на АРМ

Од:

Во официјална посета на АРМ и на Република Македонија од денеска ќе претстојува председавачот на Воениот комитет (ВК) на НАТО, генерал Кнуд Бартелс, кој ќе биде пречекан со високи воени почести, од страна на домаќинот началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески.

За време на престојот во МО и ГШ на АРМ, генералот Бартелс ќе оствари средба со министерот за  одбрана Зоран Јолевски, а најавено е дека утре ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Во текот на посетата, председавачот на ВК на НАТО ќе одржи предавање пред питомците на Воената Академија „Михаило Апостолски“ во Скопје, а ќе положи и венец со свежо цвеќе пред споменикот на „Паднатите херои за Македонија“.

Покрај унапредувањето на понатамошната соработка со НАТО, на средбата со делегацијата од НАТО, соопшти МО, ќе се разговара за реализацијата на акциониот план за членство во НАТО, имплементацијата на партнерските цели како  и за учеството на АРМ во мисите предводени од НАТО.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт