Предмет „Синдром“ – 36 обвинети за давање инвалидски пензии и туѓа нега со мито

Од:

По спроведена истражна постапка започната кон крајот на април годинава, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица. Постои основано сомневање дека десетмина од обвинетите сториле кривични дела и тоа: Злосторничко здружување, кривично дело – Давање поткуп и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, пет лица сториле кривично дело Злосторничко здружување и кривично дело – Примање поткуп, две лица сториле кривично дело Злосторничко здружување и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, додека останатите 19 лица се обвинети дека сториле кривично дело Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање поткуп.

Според доказите, обвинетите се организирале во две криминални групи кои во текот на 2023 година и до април 2024 година посредувале и незаконски овозможувале добивање права на туѓа нега и инвалидска пензија, во замена за парични средства. Цената за овие услуги се движела од 150 до 5000 евра, зависно од видот и времетраењето на правото што се обезбедувало.

Организаторите и припадниците на групите – меѓу кои се и лекари, адвокат и службени лица од неколку јавни установи – користеле своја службена положба и реално влијание за незаконско издавање на медицински мислења и одлуки во корист на барателите на права. На овој начин, биле заобиколени одредбите од Законот за социјална заштита.

Во досегашниот тек на постапката, 13 обвинети склучија спогодби со обвинителството и врз основа на истите Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди при што првообвинетата е осудена на единствена казна затвор во траење од три години и шест месеци за кривично дело – Злосторничко здружување, кривично дело – Давање поткуп и кривично дело – Примање поткуп, воедно ѝ се одземаат и противправно стекнати 15000 евра, а на останатите кои се спогодија им е изречена алтернативна мерка – условни осуди на казна затвор од 1 до 2 години, која казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите во рок од три односно пет години не сторат ново кривично дело, од нив на едно лице му се одзема имотната корист која настанала како резултат на извршување на кривичното дело – надоместок за помош и нега од друго лице во вкупен износ од 36.520,00 денари, а на едно лице противправно стекнатата имотна корист од 2360 евра и 81 000 денари.

Со обвинителниот акт јавниот обвинител му предложи на судот на обвинетите да им бидат продолжени веќе изречените мерки на обезбедување – мерка притвор за пет лица и мерка куќен притвор за пет лица, а за останатите обвинети мерки на претпазливост.

Би можело да ве интересира

Апсење на члeнови на „Беланоца-Барон“ за убиствата на Пластичарска и во Ханиоти

Затворски и куќен притвор, но и мерки за претпазливост одреди судот за 23 осомничени кои „делеле“ туѓа нега и пензии

Лекари, вработени во клиники, адвокати меѓу осомничените за измамите со парите за туѓа нега и инвалидски пензии

Катерина Ѓуровски

Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски

Катерина Ѓуровски

Полициска акција: специјалци апсат во скопски Аеродром

Катерина Ѓуровски

Пред секои избори се зголемува бројот на корисници на „туѓа нега“, имало и злоупотреби, вели Лимани