Предложен притвор за дилер од Битола

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, извести Обвинителството.

– Осомничениот 33-годишник, во текот на мај и јуни годинава, во повеќе наврати од засега неидентификувано лице неовластено набавувал марихуана и амфетамин во различни количини, ги препакувал во помали пакувања и ги препродавал на наркозависници. На 14 јуни, бил забележан од полициски службеници кои му дале наредба да застане, но тој не послушал туку избегал. Бегајќи, од раката исфрлил 15 поединечни пакувања со вкупно 11 грама амфетамин и цигара со марихуана. На 15 јуни бил извршен претрес во неговиот дом, каде било пронајдено најлонско пакување со непозната материја, кое е дадено на вештачење, соопшти Обвинителството.

Ценејќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците кои од него набавувале дрога и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се додава во соопштението.​

Би можело да ве интересира

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Обвинителството нареди, а полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов

Двајца браќа и нивен пријател се осомничени за убиство во Скопје

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир