А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Предлог-законот за амнестија стигна пред пратениците, седницата закажана во 16 часот

by А1он18/12/2018 - 15:2718/12/2018 - 15:32240
Share0

Текстот на Предлог законот за амнестија кој го подготви интерпартиското тело за помирување е поставен на веб-сајтот на Собранието и поделен на пратениците. Законот е на дневен ред на собраниска седница од 16 и ќе се разглеува по скратена постапка.

Добивај вести на вибер

Текстот го изготви и поднесе група пратеници која беше дел од собраниската подгрупа за помирување, предводена од пратеникот Зекир Рамчиловиќ.

„Основната цел на Предлог-законот е амнестија на лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, со цел помирување преку надминување на поделбите во општеството кои произлегуваат или се во врска со инцидентот во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година“, стои во нацрт- законот.

Инаку, изготвувачите на законското решение, се оградија од тоа кој ќе биде опфатен со помилувањето, кажаа дека за тоа ќе одлучуваат обвинителството и судовите. Со законот ќе бидат казнети лица кои биле организатори на настаните од 27 и извршиле, носеле оружје или извршиле насилство.

„Овој исклучок не се однесува на сторители на кривичното дело „Насилство” од член 386 од Кривичниот законик , како и сторители на кривичното дело „Здружување заради непријателска дејност” од член 324 од Кривичниот законик во врска со членовите 18, 19, 23 и 24 од Кривичниот законик“, стои во текстот на предлог законот.

Се очекува законот да помине бидејќи за него се постигна консензус кој беше условен од осум пратеници, кои гласаа за уставните измени, а претходно се отцепија од ВМРО-ДПМНЕ и преминаа да делуваат како независни.

Не се знае дали законското решение ќе добие подршка од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои не дадоа зелено светло при изготвувањето на законот. Тие бараа со амнестијата да бидат опфатени сите, затоа што со ова решение според нив се прави селекција која се темели на политичко пазарење.

Габриела Димковиќ-Мишевска

amnestijasobranie

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 07:56

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен