А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Предлог – иницијативата за потребата од уставни измени се разгледува во Министерството за правда

by А1он30/05/2023 - 10:48211
Share0

Предлог-иницијативата за уставни измени во Министерството за правда каде се проверува од номотехнички аспект, а потоа ќе биде дадена на превод на албански јазик, информираат за МИА од Министерството за правда.

Добивај вести на вибер

Оттаму велат дека откако ќе биде подготвена таа ќе биде испратена до Владата, која треба да ја разгледа и усвои. Потоа, Предлог-иницијативата ќе биде доставена до Собранието.

Според информации на МИА, постапката за носење на уставните измени би требало да започне во средината на јуни.

Работната група на седницата во петокот ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување.

Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. После бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ, изјави по состанокот претседателката на работната група, Маргарира Цаца Николовска. Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во амандманот 34 кој е заменет со член 49 и амандманот 2. Во овој амандман на Уставот на Република Северна Македонија со кој се заменува членот 49 и амандманот 2, после бошњачкиот народ се додаваат зборовите бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ.

Премиерот Димитар Ковачевски во саботата го повика на средба лидерот на опозоцијата Христија Мицкоски на која, меѓудругото би се разговарале за евроатланскиот пат на земјата. Мицкоски се согласи на средба со тоа што исто така бара на неа да се разговара за тоа што ќе биде со земјата доколку не се усвојат уставните измени. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се противи на уставни измени под овие, како што наведуваат, услови.

Очекувањата се дека оваа средба би се случила од викендот натаму имајќи предвид дека Ковачевски е на службено патување во Братислава.

Како краен рок за устани измени се посочува ноемри, кога треба да заврши скринингот на ЕК и да се одржи втората меѓувладина конференција и ќе почнат преговорите по поглавја.

pravdaustavni izmeni

Би можело да ве интересира

Министерство за правда: За Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година

Горан Наумовски14/04/2026 - 16:19

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 15:42

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 11:5426/03/2026 - 12:48

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 14:07

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:24

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 13:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто