Предизборна конвенција на Алијансата за Албанците во Гостивар

Од:

Алијансата за Албанците (НДП-Унитети) синоќа во амфитеатарот во градскиот парк во Гостивар одржа предизборна конвенција под мотото „Вистината за Гостивар“.

На конвенцијата пред членовите на политичките партии Националната демократска преродба и Унитети и нивни симпатизери беа промовирани кандидатите за градоначалници општините Куманово, Дебар, Чаир, Гостивар и носителите на листите за членови на општинските совети во овие четири општини.

Лидерот на НДП, Весел Мемеди најави победа во Гостивар, бидејќи како што рече, понудениот кандидат е млад, некорумпиран, има знаење и квалитети да раководи со општината.

Обраќање на конвенцијата имаше Г’зим Острени претседател на партијата „Унитети“, кој најави дека „Алијансата за Албанците“ нема да гради згради и лавови туку улици и водоводи кои ќе им бидат од корист на граѓаните.

Кандидатот за градоначалник Шпат Исеини во своето обраќање напомена делови од програмата и нагласи дека идната локална валст ќе се спротистави на корупцијата, која како што рече владее изминативе години.

– Заврши времето кога имаше „јас тебе, ти мене“, јас тебе гласови, ти мене тендер. Граѓаните заслужуваат повеќе и општината мора да се ослободи од оние што ја злоупотребуваат власта. Експерти направија анализа што му треба на општината и ги одредивме приоритетите, рече Исеини.

На конвенцијата се обрати и Љуљета Хазири носителот на листата со 31 кандидат за членови во советот на општина Гостивар.

– Овие избори за граѓаните имаат поголема важност од парламентарни избори, затоа што се работи за избор, кои директно влијаат на нивниот секојдневен живот. Ние ќе нправиме гостиварци да се чувствуваат побезбедно, и да добијат модерна инфраструктура, деполитизација на образованието, рече Хазири.

На конвенцијата зборуваа и кандидатот за градоначалник на Дебар, Шкељќим Џафа, носителот на листата за Куманово Џавиде Зимбери Ебиби и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлију.

Би можело да ве интересира

50 годишна жена крадела во Гостивар – фатена на дело се обидела да и избега на полицијата

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Почината жена пронајдена пред семејната куќа во Гостивар

ВИДЕО: 46-годишник од Скопје е жртвата во страотната сообраќајка кај Колари

Газда на гостиварски угостителски објект фатен со кокаин и марихуана

Катерина Ѓуровски

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он