Предизборен митинг на ДПА во Мала Речица

Од:

ДПА вечерва одржа предизборен митинг пред своите членови и симпатизери во тетовската приградска населба Мала Речица. Претседателот на ДПА Мендух Тачи од присутните побара следниве денови да разговараат со сите луѓе кои се уште се двоумат за кого да гласаат на претстојните локални избори и да ги убедат да ги подржат кандидатите на ДПА со што ќе покажат дека не се согласуваат со сегашното водење на политиката во Македонија.

– Овие избори се многу важни за нас. Албанците како никогаш досега се понижувани и омаловажувани, а во целата оваа состојба соучесник и актер е ДУИ. Како мислат да бараат гласови во Тетово кога ништо не направија за овој град и не само што немаат инвестирано ниту цент, туку и ни пречеа преку општинскиот совет, рече Тачи, истакнувајќи дека по 24 март работите ќе бидат поинакви.

Кандидатот за градоначалник за општина Тетово Сади Беџети потсети на презементите проекти во Мала Речица и најави нови во следниот мандат.

– Знаете дека имав многу опструкции од страна на мнозинството во општинскиот Совет. Иако ми ги одлагаа речиси сите одлуки и решенија, јас продолжував и не застанав со работата. Моја желба беше да го завршам што поскоро проектот за водоснабдување на Тетово кој е веќе при крај. За два до три месеци ќе славиме за овој голем успех. Убеден сум дека по големата победа што ќе ја извојуваме на 24 март општината ќе работи непречено и заедно ќе имаме уште многу други успеси, нагласи Беџети.

Пред присутните зборуваше и носителот на листата за советници на ДПА за општина Тетово Дурим Љума.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он