Предавање на Здружението на пациенти со хередитарен ангиоедем на Пулмологија

Од:

Подигнување на свеста за ретката болест хередитарен ангиоедем особено меѓу лекарите од примарната здравствена заштита за да може да ја препознаат ретката болест ХАЕ кај потенцијалните пациенти, како и начините на кои може да им се помогне на пациентите, е целта на предавањата кои во повеќе градови ги организира Здружението на пациенти со хередитарен ангиоедем ХАЕ Македонија.

Второто предавање ќе се одржи денеска во амфитеатарот на Клиниката за пулмологија и алергологија. Во рамки на овој проект веќе беше опфатен Пробиштип, а освен Скопје ќе бидат вклучени и Штип, Прилеп, Куманово и Охрид.

Предавањата се лиценцирани од страна на Лекарската комора на Македонија и носат по четири бода за учесниците. Предавач е проф.д-р Весна Гривчева Пановска.

ХАЕ е ретко заболување кое што настанува поради недостиг на крвниот протеин Ц1 инхибитор и се манифестира со отекување на делови на телото. Овие отоци, доколку се јават на одредени витални органи (како на пример грло, лице, абдомен, дишни органи), може да доведат до живото-загрозувачки состојби. Болеста има околу 30 отсто стапка на смртност.

Терапиите најчесто се составени од концентрат на Ц1 инхибитор естераза, лекови од крвни деривати, како и рекомбинантни облици кои што делуваат инстантно и во рок од четврт час го стопираат отокот. Потребно е пациентите терапијата да ја примат што побрзо од првите симптоми на нападот, за да го намалат ризикот од фатален исход. Во Македонија има две достапни современи терапии за ова заболување, информираат од Здружението.

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството