Предавање на УНХЦР за мигрантите во Македонија

Од:

Претставникот на УНХЦР во Република Македонија Мухамед Ариф денесka пред студентите на Високата медицинска школа во Битола одржа предавање посветено на бегалците и мигрантите, кои зачестија во државата, а дел од нив и трагично го загубија својот живот.

Мигрантите што се јавија во последниов период во Македонија, а доаѓаат од повеќе држави, според Ариф, вршат притисок врз државата и се наоѓаат во специфична ситуација по нивното доаѓање во Македонија.

– Владата на Република Македонија се труди што подобро да се справи со оваа ситуација, да направи систем, кој подобро ќе функционира, а ние како хуманитарна организација сме тука да помогнеме тоа да се врши на најдобар и најхуман начин. За жал, имаме трагични случаи и затоа УНХЦР тесно соработува со МВР за на терен да се направат потребните системи и мерки со цел да се избегнат и да не се повторуваат трагични несреќи, истакна Ариф.

Тој нагласи дека мигранти од секогаш имало, но нивниот број се зголемил во последните три години посебно заради случувањата во Сирија, кои предизвикаа зголемен број на луѓе што ја напуштиле матичната земја.

Предавањето за бегалците и имигрантите во Македонија предизвика интерес кај студентите, кои изворно беа информирани за проблемите и мотивите на лицата од различни генерации што ги напуштаат родните места, потврди Јованка Тутеска, професорка на Високата медицинска школа во Битола.

– Бегалците во прв момент се безимени, но тие се нечии татковци или синови зад кои има некаква приказна. Студентите кои избраа да студираат за една хумана професија имаа можност да слушнат за мисијата на УНХЦР во Република Македонија, која е неполитичка и почива на активноста на волонтери. Еден таков волонтер е и познатата актерка Анџелина Џоли, но и други амбасадори на добра волја и затоа добро беше студентите да знаат како треба да постапат или ја демонстрираат својата хуманост, истакна Тутеска.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза