Предавања на врвни кардиохирурзи на Универзитетската клиника за кардиохирургија

Од:

На Универзитетската клиника за државна кардиохирургија-Скопје денеска и утре предавања ќе одржат основоположниците на европската и на италијанската  кардиохирургија професор, Антонио Мариа Калафиоре и кардиохирургот од познатиот Римски универзитет „Ла Сапиенца“, Антонино Маруло.

Предавањата се резултат на континуираната соработка меѓу Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, Медицински факултет-Скопје и Министерството за здравство на РМ.

Предавањето на професор Калафиоре, како што е најавено, ќе се одржи денеска од 11:00 до 14:00 часот во амфитеатарот на Деканатот  на Медицинскиот Факултет-Скопје на тема „Кардиоплегија, историја, типови, предности, ризик“ и „Иднината на кардиохирургијата, минимално инвазивен пристап“.

Доктор Маруло ќе одржи предавања од областа на кардиохирургијата утре од 10:00 до 15:00 часот во амфитеатaр на хируршки клиники во комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Предавањата се дел од редовната едукација при катедрата за хирургија на Медицински факултет-Скопје и со нив се овозможува високо стручна едукација на студентите и специјализантите од областа на кардиохирургијата.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!