Предан: Македонскиот јазик е признаен од 26 земји членки на ЕУ

Од:

Македонскиот јазик е признаен од 26 земји членки на Европската Унија, што значи дека ќе биде и официјален јазик на ЕУ. Секако, една земја членка секогаш има право со некои еднострани изјави да искаже некои свои резерви, но тоа сигурно нема да има никакво влијание на статусот на македонскиот јазик во ЕУ, изјави денеска во Скопје амбасадорот на Република Словенија, Милан Предан.

Предан нагласи дека сигурно 26-те земји членки кои го признаваат македонскиот јазик, како македонски јазик, не можат да го прифатат ветото поради тоа што една земја членка има резерви за јазикот.

– Треба да знаете дека во текот на преговорите ќе има многу ситуации кога ќе може да се создаваат некои пречки. Секако, не само од страна на една земја членка, може да бидат и од страна на друга земја членка. Тоа сме го доживеале сите што сме преговарале, изјави Предан.

Би можело да ве интересира

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Словенија воведе ограничување на горивото поради проблеми со снабдувањето

А1он

Како израелска приватна разузнавачка компанија се најде во центарот на словенечките избори

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Македонска инвестиција во словенечкиот приватен здравствен сектор: што значи потегот

Над 19.000 домаќинства во Словенија се без струја поради снежно невреме

А1он