Пред Владата повторно паркирани автобуси на ЈСП

Од:

Пред Владата утрово повторно се паркирани возила на ЈСП. Сообраќајот е зтворен на две улици кои водат од и кон зградата на Владата.

Од синдикатот на ЈСП објаснуваат дека овие автобуси се пред Владата по налог на градноачалничката Арсовска за да се направи притисок да бидат исплатени дологвите кои ги има Владата кон претпријатието.

Останатите автобуси денеска редовно сообраќаат. Вработените во ЈСП вчера попладне го прекинаа штрајкот откако на седница на Советот на Град Скопје беше донесена одлука за пренамена на средства со кои ќе им биде испалетна заостанатата плата. Вработените во ЈСП парите треба да ги добијат денеска.

Би можело да ве интересира

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП уплати дел од долгот

А1он

ЈСП има нафта уште за денеска

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис