Пред Влада протест поради високата загаденост на воздухот

Од:

Денеска во 12 часот пред Владата на Република Македонија ќе се одржи протест поради високата загаденост на воздухот во Скопје.

Протестот е најавен преку Фејсбук под мотото „Станете за чист воздух“. Организаторите напоменуваат дека иницијативата не потекнува од политичка партија, туку од загрижени граѓани.

Граѓаните имаат повеќе барања до належните иниституции, меѓу кои и итно чистење на сите главни и споредни улици и депонии во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови, освен за возила на пожарната, полицијата и брзата помош, службени возила за истовар на стока, бесплатен јавен превоз, забрана за градежни активности во зимските месеци итн…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите