Пред Пандаровски презентирана родовата перспектива во одбраната

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска беше информиран за унапредувањето на родовата перспектива во Министерството за одбрана и Армијата, родовата структура, Националниот акциски план и политиките за еднакви можности.

На презентацијата, информираат од кабинетот на Пендаровски, било истакнато дека Министерството за одбрана и Армијата работат на системски решенија за подобрување на родовата еднаквост и унапредување на правата на вработените.

– Претставниците на работната група за унапредување на родовата перспектива во одбраната го информираа претседателот дека целосното нормативно уредување и имплементацијата на родовата перспектива во одбраната е во согласност со политиките кои НАТО ги презема во однос на агендата за жените и безбедноста. Во Законот за служба во Армијата и Законот за одбрана се воведени родови компоненти, како и родова структура во Министерството и Армијата, придонесувајќи кон зголемување на родовата сензитивност, се вели во соопштението.

Претседателот Пендаровски, информираат од неговиот кабинет, истакна дека еднаквите можности и инклузивните родови политики се обврска на сите политички чинители во општеството, како и на севкупната раководна структура во Министерството за одбрана и Армијата. Во таа насока потребно е доследно спроведување на позитивните законски прописи, како и исполнување на обврските како членка на НАТО во чија армија мажите и жените се дел од воените и цивилните структури, како и дел од меѓународните операции и вежби.

Претседателот додаде дека како одраз на поддршката на политиките за еднакви можности, во Кабинетот на претседателот за првпат е поставена аѓутантка, како и ангажирана советничка за прашања од областа на родови политики и еднакви можности.

Претседателот Пендаровски исто така истакна дека покрај постигнатиот напредок, како општество треба да направиме уште крупни чекори за поголема родова еднаквост и инклузивни родови политики во различните сектори.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски