Пред избори се бараат агенции за привремени вработувања

Од:

Продолжуваат привремените вработувања, кои со години наназад се предмет на жестоки критики и во европските извештаи за напредокот на земјава со образложение дека тие отвораат можности за полнење на институциите со партиски кадри.

Денеска Службата за општи и заеднички работи на Владата распиша оглас за агенција за привремени вработувања која до наредната година, до декември, ќе врши консултантски и административни услуги за овој вид вработувања.

Проценетата вредност на тендерот не е наведена, бидејќи така налага Законот за јавните набавки од април годинава. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

СОЗР и Генералниот секретаријат секоја година распишуваат оглас за ангажирање aгенција за привремени вработувања. Кај СОЗР од 2017 до 2019 година тендерите ги добива приватната агенцијата за приватни вработувања „Мотиви“. Во 2017 за оваа намена се исплатени 49 илјади евра, во 2018 година, 56 илјади евра, а лани 75 илјади евра.

Кај Генералниот секретаријат на Владата, исто така тендерите ги добива иста агенција „Спид“, но сумите се повисоки. Во 2017 за оваа намена биле исплатени 151 илјада еввра, во 2018, 162 илјади евра, а лани оваа Агенција добила 126 илјади денари.

Од Владата не одговорија на нашите прашања за која цел е објавен огласот, за колку привремени вработувања станува збор и колку пари се предвидени во буџетот годинава за оваа намена.

Истовремено, во тек е оглас за Агенција за посредување за привремени вработувања за потребите на општина Охрид, а огласи за наоѓање агенции имаат распишано и „Комуналец“ – Прилеп и ЕЛС Кратово.

Пред неколку дена, Министерството за правда склучи договор со приватната агенција за вработувања „Егзјектутив срч лизинг“ која за 23 илјади евра ќе врши посредување при нови, привремени вработувања. Во последниов месец договори со приватни агенции за вработувања склучија и општините Центар и Делчево.

Агенции за привремено вработување се еден вид на посредник на пазарот на труд. Тие ги задоволуваат потребите на претпријатијата корисници за флексибилност на работната сила, од една страна и на работниците за привремени вработувања од друга страна. Овие вработувања треба да се остваруваат во случај кога некој работник е привремено отсутен, за сезонска работа, работа на проект и за одредени краткотрајни активности.

Но, во земјава, овој вид вработувања станаа само можност одредени лица да влезат во институциите под превезот „привремени“, за да се рипнат процедурите при вработувањата, а потоа нивниот договор да биде трансформиран во „траен“.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) отвори голем број предмети за вработувања во институциите преку агенции за времени вработувања поради сомнеж дека станува збор за партиски вработувања.

Од Антикорупциската комисија повеќе пати излегоа со став дека „во никој случај не треба да се вработуваат луѓе преку агенциите за привремени вработувања на систематизирани работни места“.

„Преку Агенциите за привремени вработувања не се врши никаква селекција на кандидатите, туку само се отстапуваат лица на одредена институција на определено време. Меѓутоа, тоа не е во согласност со законот за агенциите. Таму точно е наведено во кои ситуации агенцијата треба да отстапи некој на работа во соодетната институција, а тоа е кога има зголемен обем на работа, кога се работи на проект, при итни и неодложни работи или пак при некои неочекувани состојби“, изјави неодамна Билјана Ивановска, претседателка на Антикорупциската комисија.

Би можело да ве интересира

За 50 отсто поскапена цените на угостителските услуги во владините објекти

Горан Наумовски

Влада донесе одлука: Вработувања на 600 специјализанти, разрешен е директорот на „Шутка“, на негово место е именуван Бобан Утковски

СДСМ: Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВР

(ВИДЕО) Димитриеска Кочоска: Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари

Катерина Ѓуровски

Предложени замениците министри

Владата го укина заклучокот за исплата на 252 милиони евра на „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски