„Празник на музиката“ во недела во Тетово

Од:

Француската алијанса и Центарот за балканска соработка „Лоја“ по шести пат ја организираат манифестацијата „Празник на музиката“ (Fete de la Musique) која во недела ќе се одржи во Тетово. Мото на годинашното издание е „Да ја прославиме музиката заедно – музиката ги спојува луѓето“.

– Оваа манифестација започнала во Франција пред 36 години, со цел со музика на отворено да им се овозможи на сите што умеат да свират некој музички инструмент или сакаат да пеат, тоа да го направат пред луѓето во кое било населено место. Годинава ќе се одржи на улицата „Јане Сандански“ зад Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово и сакаме и помлади, повозрасни и деца да бидат дел од овој настан, изјави на прес-конференција Жули Шамберлен, директорка на Француската алијанса.

Гзим Османи од „Лоја“ посочи дека програмата ќе почне во 18 часот со настап на учениците од Музичкото училиште „Тодор Скалоски Тетоец“, а од 21 до 23 часот ќе настапат хорот на КУД „Иљо Антески Смок“, хип хоп групата Exosound, блуз-составот Blues De Luxe, рок-бендот Kepurdhat (Печурки), а ќе заврши со сет на диџејот Балта од тетовското Радио Ред.

Покрај Француската алијанса и ЦБС „Лоја“, во организацијата на „Празник на музиката“ учествуваат и Американското катче, Музичкото училиште „Тодор Скалоски Тетоец“, невладините МОФ од Тетово и ЦЕД од Теарце и Радио Ред.

Би можело да ве интересира

Вработена во казино лажела дека била ограбена

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско