Празни улици, затворени продавници – втор ден полициски час од 16 часот

Од:

Празни улици, затворени продавници и маркети, без вообичаената гужва за недела попладне. Ваква е сликата попладнево во Скопје откако Владата како една од мерките за борба против коронавирусот донесе одлука полицискиот час за време на викенд да почнува од 16 часот и да трае до пет часот следниот ден.

Она што може да се забележи се полициските патроли кои контролираат како се почитува полицискиот час, а доколку некој не ја почитува мерката, согласно законот ќе биде казнет.

Од ограниченото движење изземени се оние кои работат во смени, но за нив се издаваат посебни дозволи за сменска и ноќна работа. Изземени се и земјоделците кои одгледуваат раноградинарски култури и кои имаат неодожни активности поврзани со производство во пластеници, додека другите земјоделци како сточари, полјоделци и оние кои се занимаваат со овоштарство доколку имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство мора да се јават во подрачните единици на Министерството за да добијат дозвола.

Денеска е вториот ден од викендот во кој движењето е ограничено веќе од 16 часот, а веќе од утре согласно владината одлука, повторно полицискиот час ќе се помести од 21 часот до 05 часот.

Ваквата одлука Владата ја донесе на седница одржана на 25 март како една од мерките за справување со ширење на коронавирусот во земјава. Слични мерки имаат донесено и останатите држави од соседството кои исто така во моментот се справуваат со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух