Празната глетка во градот за карантинскиот викенд ја пополнија убавите домашни миленици

Од:

За време на најдолгиот полициски час, пред станбените згради и пред куќите, попладнево можеа да се забележат само миленици и нивните сопственици.

И покрај критиките кај дел од јавноста, зошто на сопствениците на домашни миленици треба да им се дозволи шетање за време на полицискиот час, денешната глетка во Скопје во периодот од 8 до 8.30 часот потврди дека на секое живо суштество треба да му се овозможи да ги извршува основните потреби.

Празната глетка во градот беше разбиена со голем број четириножни суштества а нивните сопственици го искористија периодот од половина час за да фатат малку сонце.

Поради рестрикцијата за движење со цел спречување на ширење на коронавирусот, само тие успеаjа на половина час да излезат на 100 метри од местото на живеење и барем за момент да го искористат сонцето и топлото време.

Речиси низ цело Скопје, на тревниците и патеките можеа да се забележат само домашни миленици.

Меѓу нив, беше и актерот Јордан Симонов.

Уредба со која се дозволува на сопствениците на миленици, да ги шетаат за време на полицискиот час донесе Владата, по барање на здруженијата за заштита на животните.

На сопствениците на кучиња кои ги чуваат како домашни миленичиња во станови, дозволено им е да ги изнесат трипати во денот – наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 и навечер од 20 до 20.30 часот.

Притоа тие треба да бидат оддалечени најмногу 100 метри од објектот во кој живеат и  да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.На празните улици, освен автомобили кои се движеа со посебни дозволи, имаше и бездомни кучиња.

Шетањето на домашните миленици три пати дневно за карантинскиот викенд беше овозможено со цел домашните миленици да можат да ги извршат основните биолошки потреби, бидејќи кучињата зависат единствено од луѓето – тие не вршат нужда дома, туку во надворешни услови, а во голем број семејства кучето е буквално како член на семејството.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

Орце Костов

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски