А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Правниот факултет во Штип ќе добие модел-судница

by А1он03/12/2014 - 08:34149
Share0

На Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе биде пуштена во употреба модел-судница, која е едиствена од ваков тип во Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Наменета е за реализација на практични вежби на студентите на Правниот факултет преку симулација на судења, за обука на судиите и јавните обвинители од страна на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија, како и за одржување на судења на Основниот и Апелациониот суд во Штип.

Модел-судницата е опремена со најсовремена опрема за тонско и видео снимање на судски постапки, систем за видео-конференциска врска и одржување на предавања на далечина и систем за заштита на сведоци.

На отворањето најавено е присуство на амбасадорите на САД и на ОБСЕ, Пол Волерс и Ралф Брет, деканот на Правниот факултет при Универзитетот Гоце Делчев Јован Ананиев и претседателот на Судскиот совет на Република Македонија Александра Зафировска.

Следете a1on на Youtube YouTube

Уредувањето и опремувањето на модел-судницата е реализирано од УСАИД – Агенцијата на САД за меѓународен развој, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите при Стејт Департментот на САД и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

fakultetistip

Би можело да ве интересира

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он04/07/2026 - 20:0904/07/2026 - 20:10

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Горан Наумовски21/06/2026 - 12:32

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски18/06/2026 - 14:2018/06/2026 - 14:20

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски12/06/2026 - 14:1612/06/2026 - 14:18

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски11/06/2026 - 08:2511/06/2026 - 08:40

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски11/06/2026 - 06:4411/06/2026 - 06:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто