Пратеникот Здравковски казнет со 100 евра за погрешно паркирање: Денар не им давам, ќе одам на суд

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Игор Здравковски треба да плати сообраќајна казна од 100 евра за погрешно паркирање на блокадите со автомобили против францускиот предлог на патот Велес-Штип.

Здравковски и уште неколкумина сопартијци биле повикани во Министерството за внатрешни работи за да дадат изјави за казните кои полицијата им ги изрекла за паркирањето на магистралниот пат Велес-Штип кај селото Сарамзалино.

– Ме повикаа да дадам изјава во МВР јас и неколкумина мои сопартијци или поддржувачи на протестите против бугарскиот договор од 8 јули годинава за погрешно паркирање на патот Велес-Штип кај село Сарамзалино, како учесници на протест кој беше уредно најавен во полиција ден претходно.

Им го однесов и барањето за организирање на блокади во знак на протест во кое уредно стои дека ќе го блокираме патот со автомобили. Им реков дека ако го немаше ова барање ќе немаше да има полиција и медиуми на местото на настанот – рече Игор Здравковски за „А1он“.

Тој има рок од седум дена да плати половина од казната, односно 50 евра, но Здравковски не планира да плати и ќе чека покана за суд.

– Не им плаќам, ќе одам на суд. Им реков дека одбивам да платам затоа што знам дека сум исправен. Ми викаат „де бре, демек за 50 евра си“. Еден денар не давам кога знам дека не сум го прекршил законот – додаде Здравковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

Орце Костов

Муса Ибраими помина на комисија, ќе биде пратеник од редовите на ДУИ

А1он

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Пратеникот Бране Петрушевски осуден за навреда и клевета

Пазарен инспекторат: Граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат казнети оние што не ја почитуваат гарантираната цена

Орце Костов

Родителите од Гази Баба до Шаќири: Ќе го блокираме автопатот, регионалниот пат, а ќе поставиме и шатори пред МОН

Орце Костов