Пратеникот Мукоски земал 8.000 евра за патни трошоци, а нема возило

Од:

Јавноста критикува, но народните избраници, оние од внатрешноста, со години наназад го надополнуваат семејниот буџет со надоместоци за патни трошоци затоа што на работа доаѓале со сопствен автомобил.

На врвот на листата е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски. Според податоците за првите пет месеци, тој за доаѓање и враќање до Вевчани земал 472.371 денари, односно 7,680 илјади евра, или во просек повеќе од 1.500 евра трошел за бензин и амортизација на возилото.

dkskMukoski

Но, за кое возило станува збор, кога пратеникот Мукоски, во имотниот лист, поднесен до Државната комисија за спречување на корупција, напишал дека од имот поседува само ливада и куќа, но не и возило.

Според Законот, и возилото на сопруга, деца, родители, доколку живеат во заедница, треба да биде наведено во имотниот лист. Според неговата пријавена имотна состојба, ниту тој, ниту некој друг од поблиското семејство Мукоски, нема возило.

За кое и чие возило тогаш му се исплаќани по повеќе од 1.500 евра, а во некои месеци и по 2.000 евра?

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски