Пратеникот Лазе Таневски со два компјутера помогнал во опремувањето на салата „Билјанини ивори“ во вакцинален пункт

Од:

Пратеникот Лазе Таневски од СДСМ со лична донација се вклучил во опремувањето во вакцинален пункт на салата „Билјанини извори“ во Охрид. Тој на „Фејсбук“ објави дека донирал два компјутера.

„Денес, како пратеник во Собранието на РСМ, ја посетив спортската сала “Билјанини Извори” – Охрид која заради потребите на проектот за масовна вакцинација е во фаза на реорганизација во Регионален центар за вакцинација. Како знак на моја целосна поддршка направив донација на два персонални комјутери за потребите на вакциналните пунктови кои ги предадов на градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиевски. Во оваа прилика им посакувам успешна работа на сите вклучени во процесот и воедно ги повикувам и мотивирам граѓаните да се пријават во што поголем број бидејќи вакцината е единствениот начин да го заштитиме нашето здравје и да се справиме со вирусот“, стои во објавата на пратеникот.

Министерството здравство извести дека уредувањето на спортските сали во вакцинални пунктови го прават градоначалниците со спонзорства. Во салата „Билјанини извори“ во Охрид вчера беа поставени реклами од спонзорите на вакциналните кабини, за разлика од кабините во салата Борис Трајковски“ на кои доминираат пораки за носење маски, миење раце, одржување растојание како и известувања за корисноста од вакцинирањето. Такви пораки, засега во салата во Охрид, нема, но на триесетина места се поставени реклами на приватници кои го помагаат уредувањето.

Освен во Охрид, спортски сали се уредуваат во вакцинални пунктови по примерот на салата „Борис Трајковски“ во Битола, Кавадарци, Штип, Куманово и Тетово.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски