Пратеник во Бундестагот: Политичката елита во Македонија ја злоупотреби моќта за лично богатење, зошто би сакале во ЕУ?

Од:

Пратеникот на Социјалдемократската партија во германскиот Бундестаг Јосип Јуратовиќ оценува дека елитите на Балканот не сакаат во Европската Унија, а тоа единствено не важи за Србија.

Јуратовиќ кој е член на Одборот на Бундестагот за надворешни работи и известувач на одборот за европски прашања за Југоисточна Европа смета дека политичките елити во Македонија не сакаат во ЕУ поради нивната корумпираност.

-Тие не сакаат да влезат во Европската унија и со сите можни средства се обидуваат да го заобиколат пристапот во ЕУ, рече тој.

Според него, аргументот за името Македонија е само изговор ништо да не се работи.

-За на Македонија да ѝ тргне на подобро, државата мора да се реформира одвнатре, мора да се направи функционална. Македонската влада меѓутоа не прави ништо, баш ништо не работи за државата да влезе во ЕУ. А владата и не сака да влезе во Европската унија, рече тој.

-Елитите не сакаат во ЕУ затоа што се сместиле во системот кој сами си го изградиле. Секоја промена на тој систем ги загрозува нивните позиции. Тоа тие премногу добро го знаат. Зошто тогаш би сакале да одат во ЕУ, вели Јуратовиќ.

Тој оцени дека Македонија не се движи воопшто од 2008 година.

-Таму по мое мислење се искристализира круг на луѓе кои ја злоупотребија моќта за свое лично богатење. Тој круг на луѓе се обидува колку е можно повеќе да го запре процесот на демократизација. Таква е состојбата во Македонија, и поради тоа страда целиот народ, рече тој.

Би можело да ве интересира

Дизелот во Германија достигна рекордни 2,47 евра за литар

Катерина Ѓуровски

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин

По триумфот на AfD, германскиот SPD бара повеќе дипломатија за Украина

Бесент: Обновата на Украина ќе биде огромен проект, сличен на повоената обнова на Германија

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски