Пратениците одлучија дека има потреба од закон за амнестија

Од:

Пратениците дадоа зелено светло за расправа по предлог законот за амнестија. Претседателот на Собранието, Талат Џафери го стави предлог решението на дневен ред, кое ќе се носи по скратена постапка.

Спикерот Џафери даде пауза од половина час, по што ќе продолжи расправата за предлог законот.

За да биде ставен на дневен ред, предлог законот за амнестија, гласаа 96 пратеници, тројца беа против.

Текстот на предлог-законот за амнестија, кој го подготви интерпартиското тело за помирување, е поставен на веб-страницата на Собранието и им беше поделен на пратениците.

Тексот го изготви и поднесе група пратеници кои беше дел од собраниската подгрупа за помирување, предводена од пратеникот Зекир Рамчиловиќ.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска