Пратениците од понеделник ќе решаваат за законот за ЈО и за разрешувањето на Јанева

Од:

Од понеделник се очекува да продолжи собраниската расправа за законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, а во собраниска процедура треба да влезе и извештајот за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Власта и опозицијата се уште не се целосно усогласени околу законот за јавното обвинителство, а камен на сопнување, како што неодамна изјави министерката за правда Рената Дескоска, останува статусот на предметите на СЈО.

Од СДСМ се оптимисти и се надеваат дека ќе се обезбеди потребното двотретинско мнозинство. Според нив, најдобро посакувано решение е законот да се изгласа со консензус на собраниската седница која според најавите треба да се одржи на 10 септември. Високи извори од партијата брифираа дека има сериозни шанси да се постигне договор со опозицијата.

Засега нема информации дали работните групи на власта и опозицијата би можеле викендов да имаат консултации за приближување на ставовите.

Од СДСМ велат дека доколку не се постигне договор тогаш Советот за јавни обвинители согласно законот треба да назначи в.д. специјален јавен обвинител, а не е исклучена можноста да се одржи и лидерска средба.

Судбината на СЈО е неизвесна и по отпочнувањето на постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Јанева. Советот за јавни обвинители веќе го достави извештајот за нејзиното разрешување до Собранието.

Според собраниската процедура, претседателот на собраниската Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, треба да закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на Јанева.

Димовски вчера изјави дека штом го добие извештајот ќе пристапи под итно во насока на забрзување на постапката.

Евентуалната одлука на Собранието за разрешување на Јанева, согласно процедурата, повторно треба да се најде пред Советот на јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги