Пратениците од АА и Алтернатива предлагаат комисиски амандмани за Законот за државјанство

Од:

Комисијата за одбрана и безбедност денеска ја почна седницата на која треба да се одржи амандманската расправа за измените и дополнувањата на Законот за државјанството, по скратена постапка, поднесен од пратениците од Алијанса на Албанците (АА) и Алтернатива. За законот, според најавите, се подготвени десетина комисиски амандмани, по разговорите на пратениците и претседателите на СДСМ и премиер Зоран Заев и на АА и Алтернатива Зиадин Села. Претседателот на Комисијата Миле Талевски ја прекина седницата и побара најавените амандмани од АА и Алтернатива да бидат доставени до пратениците, а продолжението на седницата ќе биде дополнително закажано.

На седницата Талевски информираше дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги повлекле поднесени 548 амандмани за законот. Но, пратениците од оваа опозициска партија побараа за законот да се одржи јавна расправа на која ќе се повикаат сите релевантни чинители и да биде изграден заеднички став дали предлозите се сериозни и може да се предложат амандмани. Предлогот не беше ставен на гласање бидејќи процедуралната можност за тоа, како што објасни Талевски, е исцрпена.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека на крајот на минатата недела добиле одредени амандмани од СДСМ и АА и Алтернатива но оти не било побарано нивна вклученост во усогласување на овие амандмани.

-Единствено што ни останува е да се повикуваме на пишани документи. Апелирам до вас како претседател да дадете куса пауза да се договориме или да се даде јавна расправа, рече Мицевски додавајќи дека решенијата треба да бидат во рамки на европските стандарди.

Талевски појасни е дека ќе ги слушне сите процедурални забелешки а потоа ќе се договорат како ќе постапат.

Скендер Реџепи, координатор на пратеничката група на АА и Алтернатива рече дека Законот не треба да се политизира бидејќи треба да се решат проблемите на една категорија на граѓани која има институционален проблем.

-Чекајте да ги видиме амандамните. Мнозинството ќе одлучи. Да им дадеме предност на граѓаните, рече Реџепи најавувајќи дека ќе предложат комисиски амандмани.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми, рече дека тие ќе го поддржат поддржат ставот на предлагачот на законот само за да нема, како што кажа, „политизирање и партизирање“ иако и тие имале забелешки за првото читање на законот.

Поддршка за законот односно за ваквиот начин на доуредување на законот дадоа и Фадил Зендели од Беса и Сурија Рушити од Алијанса на Албанците.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на член 122 од Деловникот на Собранието, рече дека на Комисијата може да се покануваат научни, стручни, претставници од општините и слично за темата за која што се дискутира и дека не треба да се бега од која било форма на јавна дискусија.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Огромен е бројот на турски граѓани кои немаат одговор за добивање на државјанство по основ на потекло

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година