Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за учеството во кампањата

Од:

Иако во понеделникот беше најавено дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да достави известување до претседателот на македонското Собрание Талат Џафери за евентуално учество во јавната кампања за референдумот на државно ниво, што ќе се одржи на 30-ти септември 2018-та година, тоа засега го нема направено.

Од собраниските служби информираа дека такво известување партијата нема доставено, а од пратеничката група, пак, дека се координираат и оти потоа ќе го изнесат својот став околу ова прашање.

Претседателот на партијата Кристијан Мицковски, неодамна најави дека партијата нема да користи државни средства за кампања и оти тоа ќе го право со партиски средства.

Во понеделникот од кабинетот на Џафери информираа дека пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Беса, како и двајца независни пратеници или 71 пратеник, до него испратиле допис со кој го информираат дека нивните пратеници активно ќе учествуваат во јавната кампања за референдумот и дека се изјаснуваат „ЗА“ референдумското прашање.

Пратеникот Антонијо Милошоски, како поединец пратеник испрати допис дека ќе учествува во кампањата со бојкотирачки став, бидејќи е против референдумското прашање.

Како што информираа од кабинетот на Џафери, во понеделникот имало координација со која раководел тој, а присуствуваале потпретседателите и координаторите на сите пратенички групи освен, како и досега, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ иако, како и сите и тој бил известен за терминот на одржување.

На средбата било повторено дека пратениците нема да добиваат пари, туку Собранието ќе закупи медиумски простор, и истиот, според изјаснувањето, ќе биде пропорционално поделен.

Собранието формираше Координативно тело за подготовка и спроведување на јавната кампања кое ќе го раководи претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска