Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат поддршка за измените на законот за земјоделство и рурален развој

Од:

„Пратениците на СДСМ уште еднаш им свртеа грб на земојделците и ги заборавија своите предозиборни ветувања.

Пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство уште еднаш покажаа дека немаат слух за реалните проблеми и потреби на земјоделците.

На вчерашната седница на Собранието на Република Македонија пратениците на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ не го поддржаа донесувањето на Предлог законот за изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој по скратена постапка и уште еднаш ги разочара земјоделците.

Овој предлог закон пратениците од ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата го поднесоа по барање и во консултации со сите земјоделци. Со ова законско решение ќе се решат дел од секојдневните проблеми и предизвици со кои се соочува оваа категорија на граѓани.

Со предложениот закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој ќе се обезбеди поголема сигурност при откупот на земјоделските производи, ќе се воспостави обврска за склучување на договор пред откупот на земјоделските производи, ќе се воведе обврска за навремено истакнување на откупните цени за винското грозје и ќе се изврши прецизирање на условите и роковите за исплата на винското грозје, како и субвенционирањето на откупувачите во услови на дисбаланс на пазарот.

Дополнително за решавање на најголемиот проблем со исплатата на откупените земјоделски производи се предлага зајакнување на основниот рок на исплата од 30 дена од денот на извршениот откуп и се воведува субвенционирање на каматна стапка, односно намалување на каматната стапка на кредити наменети за земјоделството со што се обезбеди полесен пристап за финансирање за земјоделците.

Со овие измени и дополнувања на законот за изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој ќе им се излезе во пресрет на сите земјоделци.

Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ уште еднаш сакаме да ги повикаме пратениците од парламентатното мнозинство на чело со СДСМ да ги стават интересите на земјоделците пред партиските интереси и да дадат поддршка за ова законско решение“, се вели во соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање