Пратениците на Левица се приклучија кон интерпелацијата против Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески

Од:

Ја информираме јавноста дека двајцата пратеници на Политичката партија Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, се приклучија како предлагачи на Интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител на Република Македонија – Љубомир Јовески, која претходно беше поднесена од група од седум опозициски пратеници, тврдат од Левица.

Од партијата велат дека алармирале дека од поставувањето на чело на Јавното обвинителство на РМ, Јовески смислено и сервилно се ставил во улога на ангел-чувар на крупниот организиран криминал, додека кривичниот прогон е резервиран само за ситните престапници.

„Неспособниот и сенилен Јовески, кој очекува како награда за неговата послушност кон корумпираните властодржци, да биде избран за судија на Уставниот суд – ја сведе оваа важна институција задолжена да се бори со криминалот, на карикатура која е приврзок на антинародниот хибриден режим предводен од СДС, ДУИ и ДПМНЕ. Дополнително, неговата поспаност во трагичните случаи „Дурмо Турс“, „Беса Транс“, Модуларна болница Тетово, Клиниката за онкологија и многу други – само ги потврдуваат впечатоците на јавноста дека дотичниот лик, кој никогаш во животот не застапувал обвинение пред суд, не е способен да ја врши оваа важна правосудна функција, па наместо него беше оставено истражувачки новинари да ја работат работата за која се платени истражителите и обвинителите – што е недопустливо.

Ги повикуваме сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да ја поддржат оваа интерпелација и заедно да ставиме крај на патернализмот на јавниот обвинител Љубомир Јовески кон мафијата, потпомогната од олигарсите и корумпираните функционери на власта. Го повикуваме и собранискиот спикер Талат Џафери, што побргу да ја стави како точка на дневен ред оваа интерпелација, за да можеме – од собраниската говорница – аргументирано да продискутираме за сите негативни и штетни аспекти од неработењето на овој недостоинствен властелински послушник, кој не ужива никаков углед и професионален кредибилитет во кривично-правната фела“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Левица ќе поднесе два закони против неправдите во јавното здравство и дискриминацијата на бремените работнички

Левица: Минимална плата за голо преживување – Македонија заглавена на дното

Катерина Ѓуровски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

(ВИДЕО) Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Горан Наумовски

Левица: Измените на Кривичниот законик се скандалозни, Уставниот суд да реагира

Левица: Антикорупционерката Ристовска крие имот