Пратениците на Беса ја напуштија СДСМ во Собранието, ќе делуваат самостојно

Од:

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку ќе дејствуваат како пратеници на партијата „Беса“. За ова го известиле собранискиот спикер Талат Џафери со допис преку кој го официјализираат своето дејствување самостојно.

Од Беса за „А1он“ брифираат дека тие ќе продолжат да даваат поддршка на законите и одлуките на власта и дека нивното дејствување во Собранието не значи дека го напуштаат коалициониот партнер.

„Немаме никаков проблем со коалицијата „Можеме“, оваа одлука да бидеме надвор од коалицијата не значи дека нема да даваме поддршка на законите кои ќе ги иницира власта. Одвојувањето е од технички аспект и не подразбира никакво напуштање туку поефективно делување во Собранието на нашата партија. Во Собранието имаме 4 пратеници, за пратеничка група треба 5 свесни сме на тоа, но ќе настапуваме сепак како пратеници на Беса. Овој момент ни е важен да бидеме поблиску до гласачкото тело, затоа што оние кои гласале за нас, гласале за нашата партија и затоа така одлучивме да делуваме од Парламентот“, брифираат од Беса за „А1он“.

Во Собранието во новиот состав од оваа партија влегоа Биљал Касами, Фадил Зендели, Кастриот Реџепи и Бастри Бајрами кои беа избрани на заедничката листа со коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски