Пратениците кои гласаа против легализацијата на дивоградбите бараат од Пендаровски да не го потпише указот

Од:

Продолжувањето на рокот за легализација на дивоградбите, кое вчера беше изгласано во Собранието, е нешто за што не смее ниту да се помисли во една правна држава во која владеат демократски принципи, пишуваат петтемина пратеници кои гласаа против законот, во писмо до претседателот Стево Пендаровски.

Тие бараат од претседателот да не го потпишува указот за прогласување на овој закон.

Пратениците Маја Морачанин, Моника Зајкова, Боби Мојсовски, Павле Трајанов и Мирослав Богдановски, во писмото велат дека законот е практично закон за амнестија, затоа што бесправното градење е кривично дело.

„Дали ние, како држава, треба да стимулираме криминал преку дозволување на вакво незаконско градење и треба да ги ставиме во подредена и дискриминирачка положба сите одговорни граѓани, кои за да градат ги поминале сите предвидени постапки“, велат во писмото до Пендаровски пратениците од ДОМ, ЛДП и ДС.

Претседателот Пендаровски денеска изјави дека ќе го разгледа спорното законско решение пред да донесе одлука за тоа дали ќе го потпише указот.

Би можело да ве интересира

Демант од Кабинетот на претседателот за издадена Благодарница на лицето Роберт Тодороски

Ана Ололовска

Пендаровски: Невкусно е во економска криза да се покачуваат платите од државниот Буџет

Горан Наумовски

Пендаровски: Нема да пропадне Македонија ако вметнеме 3.500 Бугари во Уставот

Орце Костов

ВИДЕО: Ван дер Белен пречекан со највисоки државни и воени почести во Скопје

Ана Ололовска

Австрискиот претседател Ван дер Белен во официјална посета на С. Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Пендаровски – Џачка: С. Македонија и Албанија како сојузници во НАТО се подготвени за збогатување на меѓусебната соработка

Ана Ололовска