Пратениците ја изгласаа Јанева, останува уште советот за обвинители да ја избере

Од:

Собранието го изгласа предлогот Катица Јанева да ја извршува функцијата специјален Јавен обвинител.

Парламентот ја донесе одлуката со 108 гласа „ЗА“, предлогот не го подржа единствено независната пратеничка Солза Грчева.

По одлуката на парламентот следува изборот на советот за јавни обвинители, по што Македонија ќе го добие првиот специјален Јавен обвинител.

Ниту еден пратеник не се осврна на кредибилитетот и биографијата на Јанева.

Грчева ги прекори пратениците велејќи дека изминативе недели Јанева се чекала како Папа. Но, изгледа е црн димот што излегува, рече таа.

„Замајувањето и циркусот продолжуваат, со секој чекор се подлабоко се продлабочува кризата. Од толку способни луѓе, имате човек за кој не знаете 5 збора да кажете. Ако единствената референца е посетуван курс, а не бавење со организиран криминал, тогаш немам големи очекувања“, рече Грчева.

Би можело да ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Закана за поставена бомба во градското Собрание на Загреб: Томашевиќ нема да го доживее утрото

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти