Пратениците ги „чешлаат“ информациите за софтверите Пегасус и Предатор

Од:

Зад затворени врати, пратениците на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ги разгледуваат информациите за софтверите Пегасус и Предатор, кои што се користат за нелегално следење на комуникации, информации кои на барање на законодавниот дом ги подготвија разузнавачките агенции.

Денешната седница ја свика претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, а има само една точка на дневен ред, „Разгледување информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби“. Ова доаѓа откако на претходната седница, Комисијата побара информации од надлежните агенции за двата софтвери кои се поврзани со „Сајтрокс“, македонска фирма која е ставена на црната листа на САД.

Освен „Сајтрокс“, на црната листа на САД е и фирмата „Интелекса“ од Израел, која е сопственичка на македонската компанија. Управител на „Сајтрокс“ до октомври минатата година беше Иво Малинковски, кој е син на сопственикот на винаријата „Камник“ и „Микеи Интернационал“, Илија Малинковски, а кој по скандалот дека со овие софтвери се вршело прислушување, се повлече од позицијата и на негово место дојде Јенофева Мораковска. Мораковска на оваа функција остана до јуни годинава, а сега на нејзино место е Силвиа Јастрезбеска која е државјанка на Чешка.

Инаку цел на прислушување преку софтверот Предатор беа новинари, политичари и бизнсмени во соседна Грција. ВМРО-ДПМНЕ пак, обвини дека македонската Оперативно Техничка Агенција имала драфт договор со Грчката разузнавачка служба за користење на Предатор, но тој не бил операционализиран затоа што во Грција изби скандалот со прислушување.

Би можело да ве интересира

Македонската компанија „Сајтрокс“ под санкции од САД заради шпионскиот софтвер „Предатор“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Димни бомби и пожар во албанскиот парламент

А1он

Не помина Законот за амнестија: 17 пратеници гласаа „за“, а 66 „против“

Александар Тодески

Мнозинството од понеделник со нов обид да го помине Законот за игри на среќа со европско знаменце

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Александар Тодески

Над 400 лица лани биле под посебни истражни мерки: Дел од операциите продолжиле и годинава