Пратенички средби во врска со реформите на изборните правила

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска средба ќе имаат пратеници од повеќе партии во врска со реформите на изборните правила.

Според најавите, меѓу другото, тие треба да разговараат за можноста Република Северна Македонија да биде една изборна единица, но и за елиминирање на системската предност на четирите најголеми партии.

За можноста земјава да биде една изборна единица подолг временски период се залагаат помалите политички партии кои сметаат дека постојниот изборен модел со шест изборни единици не дозволува валоризација на вкупниот број гласови кои ги освојуваат на ниво на цела држава.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Материјалите не биле преведени на албански, одложена конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски