Пратеничката Шахпаска на меѓународна конференција во Баку

Од:

Пратеничката Јагода Шахпаска, членка на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), ќе учествува на меѓународната конференција на тема: „Улогата на парламентарците во поттикнувањето на економската соработка и културните врски долж Патот на свилата“, што во организација на „Групата за поддршка на Патот на свилата“ на ПС на ОБСЕ ќе се одржи на 13 и 14 март 2018 година во Баку, Република Азербејџан.

Ова е прва меѓународна конференција на „Групата за поддршка на Патот на свилата“ на Парламентарното собрание на ОБСЕ, во која членуваат парламентарни делегации на 22 земји учеснички во ОБСЕ и која има за цел да го поддржи развојот на меѓусебните економски односи и соработка, врз основа на целосно почитување на водечките принципи на ОБСЕ.

Работата на конференцијата ќе се одвива во три сесии: „Унапредување на заемно корисната економска соработка и трговските врски“, „Олеснување на транспортот и логистиката“ и „Градење доверба, размена на култура и промовирање на дијалог“.

Се очекува пред пратениците да се обратат: г. Огтај Асадов, претседател на Парламентот на Република Азербејџан, г. Георге Церетели, претседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ, г. Иван Брајовиќ, претседател на Парламентот на Црна Гора, г. Елмар Мамадјаров, министер за надворешни работи на Република Азербејџан, г. Дамдин Цогтбаатар, министер за надворешни работи на Монголија, г. Шанин Мустафајев, министер за економија на Република Азербејџан, г. Абулфас Гарајев, министер за култура и туризам Република Азербејџан, како и други високи претставници на земјите учеснички и на меѓународни организации.

Би можело да ве интересира

Бугарија може да започне со размена на електрична енергија со Азербејџан во замена за нови испораки на гас

Ана Ололовска

Пробно почна да пристигнува азербејџански гас по интерконекторот меѓу Грција и Бугарија

Шахпаска: Унапредувањето на квалитетот на стручниот кадар е предуслов за квалитетно предучилишното образование​

А1он

Шахпаска: Создаваме систем, кој обезбедува навремена исплата и сигурен раст на пензиите

А1он

Средба Шахпаска-Алиа Ел Јасир, разговарале за проектот на МТСП за родово одговорно буџетирање

А1он

Средба на Шахпаска со Дервишагич од Советот на Европа: Интензивно работиме на јакнење на капацитетите на ромската заедница

А1он