Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Нема да учествуваме во денешната политичка фараса, чија единствена цел е реваншизам

Од:

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во денешната политичка фараса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно. Желбата на СДСМ е да имаат апсолутна и неконтролирана власт во Република Македонија.

Главна и единствена работа која СДСМ ја спроведува е политички реваншизам, прогон и хајка. СДСМ очигледно не сака во Македонија да постои опозиција, која што со свест и совест треба да се спротиставува на штетни политики.

СДСМ е трганта и не запира во намерата да уништува животи, да гази луѓе, да монтира случаи и да прави политички прогон само и само за себе да си обезбеди апсолутно неограничено и неконтролирано владеење.

ВМРО-ДПМНЕ ги разгледува сите возможни опции за да се спротистави на ова безумије и да се стави во заштита на луѓето кои неправедно се дел од политички монитрани процеси без разлика дали тоа се пратеници, официјални лица или обични граѓани, чии единствен грев е што се дрзнале врз основа на својата совест и убедување да се спротистават на политиките на СДСМ.

Овој политички прогон мора да запре“, се вели во соопштението на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска