Пратеничката група на Европски фронт испрати писмо до Советот на Европа, бара експертска проценка за истрагата на трагедијата во Кочани

Од:

Пратеничката група (ПГ) на Европски фронт во Собранието испрати формално писмо до четири клучни тела на Советот на Европа, со кое бара итна експертска проценка на како што се наведува, селективната правда по трагедијата во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија 59 млади лица.

Писмото е адресирано до:

г. Мајкл О’Флахерти, Комесар за човекови права;
г-ѓа Клер Бази, Претседателка на Венецијанската комисија;
г-ѓа Ливија Стоика Бехт, Извршна секретарка на ГРЕКО (Група на држави против корупција);
г. Теодорос Русопулос, Претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Во писмото, пратениците изразуваат загриженост за „скандалозно политички мотивирани истраги кои ги таргетираат само поранешни функционери, додека сегашни носители на функции – кои имале институционална надлежност речиси цела година пред трагедијата – се оставени надвор од секој процес“.

Писмото посочува и на директното трансакциско вмешување на премиерот во обвинителството и самата истрагата како и јавната парада и злоупотреба при приведување на поранешен министер.

ПГ на Европски фронт бара Советот на Европа:

• Да испрати независна експертска мисија за проценка на независност на истрагата;
• Да иницира дебата во Парламентарното Собрание на Советот на Европа;
• Да побара мислење од Венецијанската комисија за влијанието врз обвинителството;
• Да го ангажира ГРЕКО за истрага на политичко влијание врз обвинителските одлуки.

Пратениците потенцираат дека правдата мора да биде еднаква за сите и не смее да зависи од политичка припадност.

Селективната правда го поткопува владеењето на правото и ја нарушува довербата на граѓаните во институциите, се наведува во писмото на ДУИ и коалиционите партнери.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол