Пратеничката група на ДУИ ќе учествува во кампањата за референдумот

Од:

Пратеничката група на ДУИ соопшти дека денеска го информирала претседателот на Собранието дека ќе земе активно учество со сите свои пратеници за референдумот на 30 септември.

– Имајќи ги предвид нашите лични определби како пратеници, но и партиските, стратешките и идеолошките определби за интеграција на Македонија во Европската Унија и во НАТО, сите пратеници на ДУИ, со поддршка и на извршната и на локалната власт, но и на цивилното општество, ќе води кампања „за“ Преспанскиот договор и успешна евроатлантска интеграција на нашата земја затоа што успешен референдум генерира мир, стабилност, сигурност, владеење на правото, еднаквост, економски развој и општествена благосостојба како и постројување на нашата држава рамо до рамо со големото евроатлантско семејство, се наведува во соопштението од ДУИ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери побара од пратеничките групи до понеделник да се изјаснат дали ќе учествуваат во кампањата за референдумот и да кажат дали се „за“ или „против“. Собранието, кое ќе ја води кампањата како овластен предлагач, формираше и Координативно тело.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ