Пратеничката Дардишта од ДУИ си поднесе оставка

Од:

Пратеничката од редовите на Демакратската унија за интеграција (ДУИ), Шкодране Дардишта, во средата писмено го известила Собранието дека се повлекува од пратеничкиот мандат, ненаведувајќи притоа причини за ваквата нејзина олука, пренесе Макфакс.

Дардишта беше втора на листата на ДУИ во Втората изборна единица, а сега на нејзиното столче ќе го наследи Калтрина Азизи, која е следна на листата во Втората изборна единица, којашто опфаќа општини од скопско-кумановскиот регион.

Доколку Азизи, поради некој внатрепартиски договор не прифати, тогаш на пратеничкото столче ќе седне Халиде Палоши.

Дардишта пред изборите беше директор на службата за заеднички услуги во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се очекува таа да се врати на нејзината претходна функција која ќе се официјализира на 8-ми јули, за кога е закажана владина седница за именување на директори и нивни заменици.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата